Во Русија далекоисточен леопард побегна од куче на дрво

Сликата e симболична

Сликата e симболична

Global Look Press
Од националниот парк „Земјата на Леопардот“ истакнуваат дека се работи за млада единка, на возраст од 16 до 24 месеци.

Куче на жител на Усуријскиот реон на Приморскиот крај на Русија го уплаши и го натера да се качи на дрво млад леопард далекоисточен леопард. Сопственикот на мешанецот по име Град Иван Шчербатјук ја објави на својата страница на „Инстаграм“ видеоснимката од средбата со леопардот. На неа се гледа како леопардот седи на гранка на дрво десетина метри од земјата.

„Додека ловев риба на реката Кроуновка, слушнав лаење и тргнав да видам за што се работи, а кога се искачив на брекчето, здогледав леопард на дрво“, изјави за ТАСС Шчербатјук

„Немав телефон со себе, така што се вратив назад до реката, го зедов телефонот и ја направив снимката. Искрено кажано, малку се плашев, но знаев дека за животното е полесно да избега од човек отколку да го нападне. Освен тоа, не успеав да го одвлечам кучето од тоа место, тој се врати неколку часа откако си заминав дома“.

Како што изјави за ТАСС Јуриј Дарман, заменик-директор на националниот парк „Земјата на леопардот“, каде што живее голем број од овие ретки животни, судејќи по однесувањето на мачката, се работи за млада единка на возраст од 16 до 24 месеци. Па сепак, ваквата средба можела да биде опасна и за кучето и за човекот.

„Тоа беше млад леопард без мајка и затоа се уплаши од кучето. А да беше возрасен, можеше без проблем да го изеде. Затоа кај нас во југозападно Приморје е забранет лов со кучиња, за да не доаѓа до такви конфликтни ситуации. Добро е што овој пат сé добро се завршило“, рече Дарман.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња