Русија планира да лансира сајт за упис на странци на руските факултети

Global Look Press
Од агенцијата „Россотрудничество“ велат дека на тој начин ќе биде овозможено конкурирање и упис по упростена постапка.

Агенцијата „Россотрудничество“ планира кон крајот на 2021 година на порталот „Госуслуги“ да стартува сервис кој значително би го олеснил уписот на странски државјани на руските високообразовни установи. Ова го изјави раководителот на Управата за реализација на проекти во сферата на образованието и науката на наведената агенција Михаил Попов.

„Россотрудничество“ има проект кој се заштитен и во Министерството за финансии на РФ и во владата на РФ. Таканаречениот суперсервис ќе биде лансиран преку порталот „Госуслуги“ и ќе овозможи поднесување на пријави и упис на странски студенти без никакви пречки, по упростена постапка. Ќе може веднаш да се полага испит и да се добие интервју, рече тој говорејќи на парламентарната расправа во Државната Дума, посветена на зголемувањето на бројот на странски студенти на руските високообразовни установи кои се финансираат од буџетот на РФ.

Попов рече дека овој систем сериозно ќе ги намали трошоците и ќе им заштеди време на идните студенти.

Како што за агенцијата ТАСС изјави Попов по расправата, се работи за сервисот „Образование за странци во Русија“. Тој додаде дека по тој повод „Россотрудничество“ деновиве ќе го објави првиот тендер, а кон крајот на 2021 година суперсервисот ќе почне да работи со полна пареа.

На расправата во парламентот Попов рече дека странските државјани и Русите кои живеат во странство во моментов ќе можат да се запишуваат врз основа на квотите што ги распиша владата на повеќе од 450 државни високообразовни установи во Русија. Во рамките на квотите ќе биде можно и запишување на постдипломски студии.

Тој додаде дека за 3899 места наменети за студенти од земјите на поранешниот Советски Сојуз, од кои 3500 се предвидени за земјите на ЗНД, оваа година конкурирале 33 илјади, што изнесува 33 отсто од вкупниот број пријави.

Според Попов, „Россотрудничество“ го поддржува зголемувањето на квотите, но за ова прашање треба да се земат предвид можностите на федералниот буџет.

Прочитајте повеќе: Путин го поедностави вработувањето за странските студенти во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња