Путин го поедностави вработувањето за странските студенти во Русија

Pixabay/nastya_gepp
Претседателот на Русија го потпиша законот со кој се поедноставува вработувањето на редовните странски студенти во Русија.

Странците кои редовно се школуваат на руските универзитети можат да бидат вработени во Русија без посебна дозвола. Притоа постои овој услов: универзитетот мора да има државна акредитација.

Кога студентот ќе ги заврши или прекине студиите, договорот за вработување, извршување на работи или давање услуги, треба да биде раскинат.

Претходно странските студенти во Русија можеа да работат без посебна дозвола само за време на распустите или во образовни институции и стопански друштва при својот универзитет.  

Работодавачите и нарачателите на работата сега нема да мораат да имаат дозвола за работно ангажирање на странски студенти. Законот стапува на сила 180 дена по официјалното објавување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња