На една од кулите на тврдината Чембало на ридот на влезот во заливот Балаклава на Крим е пронајден голем арсенал џеновјанско и османлиско оружје, соопшти службата за односи со јавноста на историско-културолошкиот музеј „Херсон Тавридски”.
Во цистерната во долниот дел на кулата се пронајдени илјадници железни плочки кои претставувале оклоп, илјадници врвови на стрели за самострелите на Џеновјаните и турски стрели, метални токи за оклопи, парчиња мечеви и сабји, еден оловен куршум и шајки. Пронајдени се и 42 железни и седум камени ѓулиња за бомбарди од различен калибар.
Научниците забележуваат дека овој пронајдок е единствен по својот обем и значење за цела источна Европа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче