Како Русија се подготвува да го дочека морничавиот коронавирус

Eвгениj Курсков/TASS
Антивирусните средства и витамините се продаваат како лекови против коронавирусот, а видеоблогерите собираат лајкови така што се преправаат дека се заразени.

Кон крајот на декември 2019 година во големиот кинески град Вухан забележана е појава на воспаление на градите предизвикано од вирусот 2019-nCoV. Според податоците на Светската здравствена организација, на 28 јануари во светот се регистрирани 4.593 лица заразени со коронавирусот (од кои 4.537 во Кина_ Според податоците на Центарот за системски науки и инженеринг при Универзитетот Џонс Хопкинс (The Center for Systems Science and Engineering (CSSE) at JHU), истиот ден биле заразени 6.057 лица, од кои 5.970 во Кина. 132 заразени починале, а 110 се излекувале.

Во Русија има два потврдени случаи на заразени со коронавирус, и во извештајот на Националниот медицински истражувачки центар за фтизо-пулмонологија (НМИЦ ФПИ) при Министерството за здравство на Русија, постоеше висок ризик за појава на вирусот во Русија. Притоа се наведува дека веројатноста за појава на епидемија во Русија е мала. Вирусот до Русија стаса на крајот на јануари а се очекуваше во февруари 2020 година, објавува РБК, повикувајќи се на овој извештај.

Работник од карантинската и санитарната станица ја проверува температурата на патниците кои стасале од Пекинг во Новосибирск.

Руските фармацевтски компании и аптеките веќе почнаа да заработуваат од вестите за коронавирусот. Од средината на јануари во руските синџири аптеки „Доктор Столетов“, „Озерки“ и „36,6“ пораснала продажбата на антивирусните препарати. Забележана е зголемување на продажбата за 50 до 80%, наведува „Комерсант“. Како заработуваат аптеките на паниката на руските граѓани а кому уште му оди во прилог веста за епидемија?

Витамини за „лекување“ коронавирус

На 26 и 27 јануари руската фармацевтска компанија „Отисифарм“ на радиостаницата „Радио 7 на седум брегови“ и „Авторадио“ го рекламираше антивирусниот препарат „Арбидол“ како средство против коронавирусот, објави РБК. Обично ова средство се користи против грип и респираторни вирусни инфекции.

„Во светот е зголемен бројот на заразени со коронавирусот, кој предизвикува опасно воспаление на белите дробови. Вирусот се пренесува од човек на човек. Ризикот од зараза е висок. Истражувањата докажуваат: Арбидол е активен дури и против коронавирусот. Арбидол има антивирусно дејство со широк спектар за заштита кај децата и кај возрасните. Постојат контраиндикации, посоветувајте се со стручњак“, се наведува во рекламата.

Федералната антимонополска служба веќе прими жалба на рекламата и вети дека ќе се обрати до компанијата во врска со тоа, објави агенцијата РИА Новости.

Антивирусниот препарат Арбидол

Онлајн-изданието „Отворени медиуми“ откри дека кога на Гугл ќе отчукате прашање на руски „како се лекува коронавирусот“, добивате реклама на „Ингавирин“, друг препарат кој исто така се користи за респираторни вирусни инфекции.

Освен тоа, корисниците на социјалните мрежи во московските аптеки забележаа реклама за Омега-3 витамин. Исто така во аптека се рекламира и „Ремантадин“ кој се користи за лекување и за превенција на грип.

Маски во мода

Во Русија исто така значително е зголемена продажбата на заштитни маски. Во синџирот аптеки „Ригла“ од 21 јануари продажбата на маски е осум пати поголема, објави порталот „Комерсант“, повикувајќи се на изјава на генералниот директор на синџирот аптеки Александар Филипов. Во текот на последниов викенд, 25 и 26 јануари, зголемена е побарувачката за маски и во синџирот аптеки „36,6“. Продадени се 13 пати повеќе маски во споредба со претходниот викенд на 18 и 19 јануари, соопшти генералниот директор за малопродажба Александар Кузин.

Маските станаа популарни и во онлајн-продавниците.

„Продажбата на медицински маски е зголемена од 20 јануари и за една недела порасна за 6 пати. Додека обично во сезоната есен-зима онлајн-корисниците од големите градови купуваат неколку стотици маски, сега се продаваат неколку илјади“, соопштуваат за Russia Beyond од прес-службата на популарната руска Интернет-продавница Озон. Во компанијата додаваат дека исто така за 30% пораснала и продажбата на антиспетици за раце.

Од прес-службата на популарната платформа за избор на стока и споредување цени „Јандекс.Маркет“ соопштуваат дека од 22 до 28 јануари побарувачката за медицински маски е зголемена за 13 пати.

На продажната платформа „Беру“ која исто така му припаѓа на „Јандекс“, продажбата на медицински маски и филтри за нос е речиси четирикратно зголемена. Исто така се бележи зголемување на побарувачката на средства за дезинфекција. Тие на „Беру“ се купуваат речиси двапати почесто.

Во Интернет-продавницата Wildberries од 20 до 27 јануари продажбата на маски е зголемена за петпати во споредба со последната недела од декември 2019 година“, пишува Комерсант.

Жител на Новосибирск во метро

Лажна зараза

Во Магнитогорск (1.693 километри од Москва) во врска со вестите за коронавирусот група блогери решија да ги насамари локалните жители. Во една улица од градот пред минувачите еден маж се закашла и падна „како мртов“. Една минута подоцна го однесоа непознати лица во одела за хемиска заштита. Жителите на градот се успаничија и претпоставија дека на човекот му станало лошо поради коронавирусот. Фотографиите од оваа несолена шега преку руската социјална мрежа Вконтакте се проширија низ градот. Во коментарите корисниците заклучија дека станува збор за шега. Блогерите ги издадоа градежничките ракавици кои ги носеа како дел од оделата за хемиска заштита. Подоцна снимката беше објавена на Инстаграм кај локалниот блогер Дани.

На сајтот на телевизискиот канал „Москва 24“ беше свртено вниманието на уште една акција: во московското метро човек во одело за хемиска заштита закачи плакат на кој пишуваше „Коронавирусу, иди у...“, со повик до луѓето да се потпишат на канал на Телеграм.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња