Не му доаѓа паметот: „Раце-базуки” или „Убавецот“ покажува што зголемил овој пат

Скриншот dr.irina_obrazcova
23-годишниот фрик-блогер не можеше да ѝ одолее на можноста да модифицира и други делови од телото, но овој пат работата ѝ ја довери на лекар-дерматокозметолог.

Неодамна Кирил Терешин мораше да се ослободи од дел од неговите познати „раце-базуки” со отстранување на вазелинот од нив. Но, сега се одлучи на нов експеримент. Отиде кај козметолог за да прими инјекции за убавина.

Хирургот што ги оперираше руските „раце-базуки“: Момчето се надувал со евтин вазелин. Ни грам синтол

На страницата на докторката на „Инстаграм“ е објавена снимка на која блогерот добива третман за убавина за обликување на образите и усните. На видеото се гледа девојка со црна маска која неколку пати му инјектира препарат на Терешин. Потоа пациентот радосно се насмевнува. На својот профил на „Инстаграм“ Кирил истакнува дека е задоволен од оваа промена. Исто така, тој објави фотографија на која може да се види конечниот резултат. Позираше пред ѕид со плакати, покажувајќи ги забележително зголемените усни. Фотографијата „скромно“ја проследи со натписот: „Убавец“.

„Имав третман за обликување на јаболчниците. Процедурата мина целосно безболно и задоволен сум од резултатот!“- напиша Терешин.

Кирил Терешин е блогер родум од Пјатигорск, кој се прослави благодарение на неговите опасни трансформации на своето тело. Дечкото вбризгуваше евтин вазелин во мускулите за да ги направи познатите „раце-базуки”. Меѓутоа, потфатот се сврте против него. Повеќе пати му се закануваа сериозни проблеми со здравјето, а во ноември 2019 година се најде во болница со запаление на бицепсите, при што мораше да биде подложен на итна операција.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња