Путин во Ерусалим откри споменик на хероите на Ленинград и прозборе на хебрејски (ВИДЕО)

kremlin.ru
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин денес во Ерусалим го откри споменикот „Свеќа на сеќавањето“, посветен на жителите и бранителите на Ленинград под блокадата за време на Втората светска војна.

Претседателот на Русија Владимир Путин, кој денеска пристигна во Ерусалим за да присуствува на Светскиот форум посветен на споменот на жртвите на Холокаустот, им се заблагодари за поканата на премиерот на еврејската држава Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара на хебрејски, пренесуваат медиумите.

Претседателот на Русија се состана во Израел со Бенјамин Нетанјаху и зеде учество на меѓународниот форум „Го чуваме споменот на холокаустот, се бориме против антисемитизмот“.

Заедно тие во Ерусалим открија споменик посветен на херојскиот подвиг на жителите и бранителите на Ленинград под блокадата. Споменикот е проектиран од руски и израелски архитекти. На осум метри високиот споменик во форма на свеќа со симболичен пламен се наоѓа текст кој зборува за блокадата на руски, хебрејски и англиски јазик, како и симболите Ленинград под блокадата и Холокаустот.

Претседателот на Русија Владимир Путин посебно се осврна на еден трогателен факт од животот на легендарниот град под опсада.

„Во текот на блокадата Ленинградците за потребите на фронтот дарувале 144 тони крв“, рече Путин во Ерусалим на свеченоста на откривањето на споменикот посветен на хероите на блокадата на Ленинград. Претседателот на Русија исто така нагласи дека овој податок претходно не му била познат и дека му оставил силен впечаток.

Прочитајте повеќе: Трагачи-волонтери го најдоа гробот на постариот брат на Путин, настрадан при блокадата на Ленинград

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња