Руска копија на Tesla Cybertruck, направена врз база на УАЗ, тестирана во беспаќе (ВИДЕО)

Скриншот / Гараж-54
Руски блогери поставија на интернет снимка од првото возење на домашната копија на камионетот на Илон Маск.

На YouTube каналот „Гараж-54“ е објавена снимка од првото возење на рускиот Tesla Cybertruck, направен врз база на советскиот теренец УАЗ-469. Блогерите го проценија совладувањето на теренот од страна на домашниот камионет, ги анализираа недостатоците на конструкцијата и ги забележаа реакциите на жителите на Новосибирск на проектот.

Диодната оптика, дизајнот на тркалата, каросерија во челично сива боја, сето тоа направи Новосибирскиот Tesla однадвор да изгледа како оригиналниот пикап. Меѓутоа, во внатрешноста, контролите и предниот панел се задржани од стариот УАЗ-469. Оригиналната каросерија без ретровизорите и зголемените димензии ја отежнуваат маневарбилноста на теренецот, така што блогерите не сакаа да ризикуваат, па го прескокнаа градското возење.

Пародијата на Cybertruck не се покажа баш најдобро на снегот, пренесуваат руските медиуми. Без оглед на теренските гуми и погонот на сите тркала, тешката конструкција со издолжената база и слабиот бензински мотор од 75 КС, по околу десетина поминати метри на ледина почна да се вкопува.

Творците на возилото не ни планираа да возат во градот. Копијата на Cybertruck е направена за да го привлече вниманието на публиката. Во центарот на Новосибирск необичниот прототип беше доставен со пајак, привлекувајќи го вниманието на минувачите и промовирајќи го споменатиот канал на „Јутјуб“.

Инаку, веднаш откако Илон Маск го претстави Tesla Cybertruck, ширум Русија почнаа да се појавуваат бројни копии на ова футуристичко возило на електричен погон. Така, вештите раце на креаторите на каналот „Пушка Гараж“ создадоа Cybertruck од „деветката“ на Автоваз.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња