Цена – три шестки: Руски блогери продаваат копија на пикапот Tesla Cybertruck

Скриншот
Возилото што наликува на новитетот на Илон Маск е направено само за осум дена од преправена кола ВАЗ-2109.

На сајтот auto.ru се појави оглас во кој се нуди копија на пикапот Tesla Cybertruck за симболична сума од 666.666 рубли. Копијата ја направија блогерите од подмосковскиот град Химки, кои објавуваат содржини на јутјуб-каналот „Пушка Гараж“. Александар Трубников, еден од членовите на нивната екипа, во интервју за ТВ-каналот „360“ ја објасни специфичната цена на автомобилот.

„Цената е своевидна иронија на сметка на сајберпанк-стилот, затоа што тој најавува иднина која не е многу розова“, изјави Трубников и истакна дека сумата е многу достапна, со оглед на вложениот труд и одекот во јавноста.

„Веруваме дека ќе се најде купувач. А ако не се најде, нема да му се изнасекираме. Колата испадна навистина добро и многумина се заинтересирани да го снимат, така што ќе му најдеме примена. А ако некој го купи, тоа ќе биде добра отскочна даска за нови слични проекти“, рече Александар.

Возилото беше забележано и снимено на улиците на Москва кон средината на декември. Видеоснимката брзо стана популарна на интернет.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња