Претходно Кадиров рече дека е во дилема, дали да „лета како пеперутка и да боде како оса“ во боксерскиот ринг или „полека да го меле“ Емелјаненко во октагонот во борба без правила.
Александар Емелјаненко сепак вели дека Кадиров нема да има време да се подготви за борба без правила. „Не би му советувал тренинзи за ММА борба. Нема да го издржи тоа... А ако сака бокс-меч... тој (Кадиров) цело време тренира бокс, мислам дека е подготвен да ми биде спаринг-партнер“, рече Александар.
А ако се прашувате зошто Рамзан Кадиров го предизвика Емелјаненко, одговорот е следниов: тоа е сега мода во Русија, Емелјаненко го предизвикуваат сите! Неодамна Александар влезе во рингот со најпознатиот руски пауерлифтер Михаил Кокљaев, кого многу лесно го нокаутираше во првата рунда.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче