Адмирал: На дното на Финскиот залив, пред да се спушти Путин во батискаф, уништено минско поле

kremlin.ru
На морското дно посадата на миноловецот „Александар Облухов“ пронашла минско поле од германски сидрени мини.

Пред посетата летово на претседателот на РФ Владимир Путин на островот Гогланд во источниот дел на Финскиот залив во Балтичкото море, роботската техника во рускиот батискаф откри на дното на заливот германско минско поле од Втората светска војна, изјави командантот на Балтичката флота адмирал Александар Носатов во интервјуто објавено вчера во весникот „Краснаја звезда“.

Како што рече тој, биле деактивирани дваесет парчиња убојни средства од Втората светска војна, а на морското дно членовите на посадата на миноловецот „Александар Облухов“ пронашле цело минско поле од германски сидрени мини. Тие беа уништени на лице место со работичка подводна техника.

Владимир Путин во јули се спушти во батискаф на дното на Финскиот Залив, од каде ја разгледа подморницата Щ-308 „Семга“, потоната за време на Втората светска војна. Покрај тоа, Путин се запозна и со збирката предмети кои археолозите ги извлекоа од брод, потонат во XIX век покрај брегот на островот во Финскиот Залив.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња