Путин во батискаф се спушти на дното на Финскиот залив (ВИДЕО)

Global Look Press
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата во батискафот C-explorer 3.11 се спушти на дното на Финскиот залив во близина на островот Гогланд, каде што се наоѓа советската подморница Шч-208 „Сјомга“, потоната во Втората светска војна.

Шефот на руската држава присуствуваше на поставувањето на меморијална плоча на подморницата. Видеоснимката од спуштањето во батискаф ја објави телевизијата НТВ.

Советската дизел-електрична подморница Щ-208 беше изградена во 1930 година, а во 1935 година стана дел од арсеналот на Балтичката флота. Потона 1942 година од непознати причини. Животот го загубија сите 40 членови на екипажот.

Подморницата беше откриена за време на експедицијата на Руското географско друштво, со чиј покровителски совет претседава Владимир Путин.

Претседателот на Русија по спуштањето на дното на Финскиот залив во батискаф ги објасни причините поради кои учествува во нуркачки и летачки потфати, а неговата изјава ја пренесе агенцијата ТАСС. Целта му е, како што рече тој, подобро да ја согледа цената на напорите на граѓаните на Русија кои работат во слични услови.

„На земјата има многу проблеми. За да ги има помалку, некој мора да лета низ воздухот, а некој да се спушта под вода“, рече шефот на руската државата во саботата, 27 јули, по спуштањето на дното на Финскиот залив.

Тој нагласи дека оваа нуркачка операција во пресрет на Денот на Воената морнарица е важен и симболичен гест „спрема конкретни луѓе, спрема подморничарите кои ги загубија своите животи тука“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња