Родителите кои се презиваат Крал, на својот син му го дадоа името Лав. Момчето е родено на 14 ноември во перинаталниот центар Наро-Фоминск, пренесува руската телевизија „360“.
Лав Крал или Крал Лав на раѓање тежел 5,171 килограми.
Родителите во Подмосковјето честопати им даваат на своите деца необични имиња. Според првиот вицепремиер на подмосковската влада, министерот за образование Олга Забралова, новородените жители на оваа област добиле имиња Авдотја, Никољ, Клавдија, Февронија, Луна, Лаврентиј, Марсељ, Лео, Тарас и дури и Добромир.
Меѓутоа, во повеќето случаи родителите не се склони да експериментираат. Така, минатата година во Подмосковската област најпопуларни имиња беа Софија и Артјом. Момчињата често ги добиваат имињата Александар, Максим, Михаил и Дмитриј, а девојчињата Марија, Анастасија, Викторија и Ана. Наскоро ќе дознаеме и за кои имиња најчесто се одлучиле родителите оваа година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче