„Се надевам дека ќе биде голем како Исак Њутн“, рече таткото на момчето Јух Адам Стенли Додиен, истакнувајќи дека решил на својот син да му го даде името на големиот научник уште на часовите по физика во деветто одделение, во училиште во Африка“, пренесуваат руските медиуми.
Адам и неговата сопруга Ема живеат во Балашиха. И двајцата студираат математика и информатика на Московската меѓународна академија. Младите родители се надеваат дека Исак ќе ги засака егзактните науки и дека ќе дојде до некое големо откритие.
Студентите на Московскиот факултет од Африка планираат да останат да живеат во Русија и во моментов чекаат дозвола за престој. Како што рече Адам, има намера на својот втор син да му го даде името Алберт Ајнштајн. Инаку, меѓу имињата кои московјаните најчесто им ги давале на своите деца предничат Александар и Софија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче