Танчарка од Санкт Петербург го остави Џони Деп по две години заеднички живот во Холивуд

Reuters
Се чини дека по раскинувањето со Ванеса Паради, на холивудскиот актер не му оди во љубовта. Но, и дека ќе мора да заборави на посакуваната венчавка.

Дваесет и четиригодишната Полина Глен одлучи да стави крај на врската со 56-годишната холивудска ѕвезда. И за тоа има свои причини, пишува „Дејли Меил“, повикувајќи се на извори.

Имено, Полина, како што се наведува, се уморила од постојаното внимание на јавноста во чиј фокус била, како и истерувањето на чистина на односите помеѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд. Танчарката од Санкт Петербург, едноставно, избега дома.

„Фактот дека Деп е планетарно познат, како и неговата непрестајна борба против Амбер, создаваа неиздржлив притисок. Џони беше фокусиран на неговата караница, а Полина помисли дека ова не е најдобро време за развој на нивната врска“.

Без оглед на тоа што на Полина честопати ѝ беше замерувано дека е пресметлива. Имено, многумина веруваа дека младата убавица се забавува со Деп за пари и контактите. И покрај тоа што извори блиски на вљубениот пар зборуваа дека Глен отсекогаш била ненаметлива и скромна. Таа живееше во холивудска вила на актерот, двајцата размислуваа за венчавка, а Џони сакаше да се запознае со родителите на Полина. За сега таа да ја прогласи идејата за брак со Деп за луда.

„Без оглед на забелешките дека таа била во врска со Деп само заради пари, Полина се однесуваше многу скромно. Додека живееја заедно, таа одеше на работа во студио за игри и му се враќаше на Деп во вилата“.

Веста дека го-го танчарката и холивудскиот актер се во страсна врска се пронесе во април годинава. Џони и Полина се запознале на една журка во Лос Анџелес во 2017 година, но таа на почетокот воопшто не го ни препознала. Меѓутоа, Џони едноставно бил фасциниран од младата Русинка. Нивната врска се развиваше со молскавична брзина и многу бурно, очигледно без да го дочека остварувањето на сонот за семејна среќа.

Што знаеме за руската девојка на Џони Деп? Запознајте ја и погледнете ја подобро Полина Глен (ФОТО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња