„Само кулираше на една забава и не го препозна додека не тој не пријде да ѝ се претстави”, вака инсајдер за „Дејли Меил“ ја опишува првата средба на Полина Глен, млада руска танчарка, и 55-годишниот актер Џони Деп, која се одигра 2018 година.
Како е можно да не препознаете еден од најпознатите луѓе на планетата? Па, според таблоидите, руските девојки немаат поим за актерите, а, освен тоа, луѓето изгледаат сосем поинаку во реалниот живот. Како и да е, танчарката која до пред неколку месеци беше апсолутно непозната, сега привлекува многу внимание кај обожавателите на Деп. И сите се прашуваат: која е таа?
Полина Глен е родена во Казахстан, а набргу потоа нејзиното семејство се преселува во Санкт Петербург. Студира на Санктпетербуршкиот државен политехнички универзитет и се стекнува со звањето електротехнички инженер.
Сепак, не се занимава со својата професија, туку станува танчарка, отвора свое студио за танц и станува една од најдобрите го-го танчарки во Русија.
Полина исто така основа своја компанија за продажба на растителни чаеви од Карелија (регион на северозападот на Русија). Покрај тоа, таа е квалификуван туристички водич и преведувач за италијански јазик, како и победничка на неколку натпревари во убавина.
Кога ќе наполни 18 години, се преселува во Лос Анџелес, каде учествува во проектот Playground LA. Полина работи со кореографот Тевин Кол и американските агенции брзо ја забележуваат.
Полина и Џони Деп засега успеваат да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, иако се појавија некои гласови. Луѓето обрнаа повеќе внимание дури кога Полина беше видена во близина на Деп во мај 2018 година, во текот на неговото гостување во Москва со бендот The Hollywood Vampires.
„Нејзиниот приватен живот е нејзина работа. Затоа не можам ништо да кажам за тоа. Не знам дали е среќна или не, не ми кажа“, вели нејзиниот татко Генадиј Глен.
На својот инстаграм-профил Полина не го спомнува Деп. Па сепак, таблоидите тврдат дека Полина живее со актерот во неговата вила на булеварот „Сансет“ и дека се очекува венчавка. Наводно, Џони Деп едвај чека повторно да оди во Русија и да ги запознае нејзините родители.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче