Приказната започнува така што еден Русин успеа да го измами „Аерфлот“ и да го прошверцува својот мачор во авион. Тој ја ангажирал помалата мачка на негов пријател за да го помине мерењето, бидејќи неговото милениче било премногу дебело за да лета во патничкиот дел на авионот.
Михаил Галин и нивниот неразделен пријател, мачорот Виктор, патуваа со авион од Рига до Владивосток со трансфер во Москва. „Вагата на аеродромот покажа дека мојот мачор има 10 килограми, што според нивните правила значи дека тој е неприфатливо дебел за да се вози со патниците“, напиша Галин на својата фејсбук-страница по летот. Откако одби да го смести Виктор во одделот за багаж, сомневајќи се дека мачорот нема ќе преживее таква голгота, неговиот газда купи нов билет, овој пат за бизнис-класата, за лет следниот ден. Потоа, преку „Фејсбук“, тој пронајде слична, но не толку дебела мачка, која наместо Виктор го помина мерењето на аеродромот, а потоа ја замени за својот мачор пред да се качи во авионот и така пристигна во Владивосток.
Постот на Галин во кој тој ги опиша деталите за својот престап и ги посочи соучесниците собра неверојатен број коментари и беше споделен безброј пати, што, се разбира, не му избега на будното око на „Аерофлот“.
На авиокомпанијата не ѝ се допадна што беше толку лесно изиграна и реши да се одмазди. Таа започна истрага и пронајде снимка од безбедносните камери на кои се гледа замената на двете мачки. За казна, „Аерофлот“ го исклучи љубителот на мачки од програмата за бонуси за оние кои често летаат со авион и наводно му одзеле околу 400000 милји што тој ги насобрал со години.
Но, компанијата на тој начин само си направи полошо како и првиот пат. Излезе дека интернетот ги сака мачките толку многу што не може да ја пропушти можноста да го стави „Аерофлот“ на столбот на срамот поради недостаток на сочувство кон своите четириножни патници.
И, се разбира, следуваше рафална стрелба од мемиња кон руската авиокомпанија.
„Колеги, имаме дебел мачор во авионот. Што да правиме? “
„ Ајде да го ставиме во одделот за багаж. Ќе умре 100%“.
„Ајде да му ги одземеме на сопственикот бонус милјите“.
„А да му подариме на мачорот членска карта за теретана, па медиумите да пишуваат за тоа?“
Паѓа низ прозорецот.
Корисниците на интернет на некои слики го користат хаштагот #buddyisnotluggage.
Дали навистина деновиве се продаваат дуксерки со „Моја мачка. Моие правила. Моите милји“?
Во секој случај, ниту лукавиот сопственик на мачорот Галин ниту „Аерофлот“ не се победници во оваа приказна. Победникот е дебелиот мачор Виктор... тој уживаше на своето седиште во бизнис-класа и компанијата по тој повод не може да стори ништо, затоа што тој нема бонус-милји... барем не засега.
Мјау!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче