Не пуштиле Русин да се качи во авион поради „дебелиот мачор“

Неколку килограми вишок не е проблем само за девојките пред почетокот на летната сезона. Ова стана проблем дури и за четириножните миленици.

Михаил Галин објави на „Фејсбук“ приказна за своето необично патување, кога морал да замени мачка за да стигне до посакуваната дестинација. Момчето и неговото милениче Виктор полетале од Рига, каде не му поставиле никакви прашања. Сè се одвивало добро и во Москва: ја поминале ветеринарната контрола и тргнале да ги чекираат билетите за лет до Владивосток. И тогаш наишле на една многу темелна аеродромска работничка.

Таа го измерила не само багажот, туку и мачорот. При мерењето таа утврдила дека миленичето се здебелило и достигнало цели 10 килограми и затоа не можело да се качи во авионот. Службеничката на аеродромот категорично одбила да ја преземе врз себе одговорноста за двата килограми вишок и ја пратила мачката во багажникот на авионот. Но, миленичето тешко го поднело и претходниот лет во просторот за патници.

„Дамата свечено соопшти дека мачорот се праќа во багажникот. На сите мои обиди да ѝ објаснам дека мачорот нема да преживее осум часа со багажот и дека секоја вечер ќе има кошмари до крајот на животот, таа одговори дека постојат правила“.

Не бил постигнат договор ниту со другите аеродромски службеници. Тогаш момчето решило да се откаже од летање поради мачката. А, сепак, за да стигне таму каде што сакал, побарал меѓу своите пријатели некој кој имал сличен, но помал мачор, која би можел да ја помине контролата наместо Виктор. Еден ден подоцна, Михаил и Виктор успеале да отпатуваат.

„Операцијата за замена на дебелиот Виктор со минијатурната Фиби е успешно спроведена. Вагата ја покажа посакуваната тежина, а службеничката на авиокомпанијата љубезно ни ја даде бординг-картата и ни посака среќен лет“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња