Луѓето им се радуваат: Зошто поларните лисици ги опседнуваат северните руски градови

Global Look Press
Мештаните ги снимаат со камери и објавуваат фотографии и видеоснимки на интернет.

На северот на Краснојарскиот крај на Русија дојде до инвазија на поларни лисици. Животните копаат по контејнерите за ѓубре барајќи храна: поради глад тие мигрираат на југ и патем се хранат со што ќе стигнат.

Кога ќе почне да се приближува пролетта, тие се враќаат дома, во северната тундра. Но, многу од нив нема да преживеат. Стручњаците тврдат дека поларните лисици не претставуваат опасност за луѓето. Но, сепак е подобро да се држите понастрана од нив, бидејќи некои можат да бидат заразени со беснило.

Меѓу другото, поларните лисици го опседнуваат рускиот град Дудинка. Ги среќаваат и во центарот на градот и во предградијата. „Поларната лисица живее во тундра. Тие често доаѓаат во Дудинка“, изјави за РИА „Новости“ Николај Шелепов, заменик-директор на локалниот весник „Тајмир“.

Шепов објави снимка што ја снимил во октомври на улицата „Советска“: „Си одев на работа едно утро, поларна лисица трчаше пред мене“. Тој вели дека градот е „преполн со нивните траги“. Сепак, на луѓето не им пречат: „Досега немаше никакви поплаки против нив. Генерално не се навикнати на градска средина и честопати завршуваат под тркалата на автомобилите. На патот меѓу Норилск и Дудинка има многу прегазени животни“.

Според зборовите на Николај, поларните лисици се собираат во чопори кај една рибарница. „Седат баш на ѓубре. Штом пријде автомобил, се кријат под контејнерите. Засега не знаеме зошто токму таму се мотаат. Не изгледаат како да се изгладнети. Луѓето не се плашат од нив, попрво им се радуваат“.

Погледнете повеќе: Низ Петербург шетаат вљубени лосови (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња