Низ Петербург шетаат вљубени лосови (ВИДЕО)

Russian Look/Global Look Press
Бидејќи е време на парење на лосовите, тие се многу активни, минуваат големи растојанија, преминуваат преку автопатите, доаѓаат на места каде што живеат луѓе.

Во станбените квартови на северната руска престолнина се забележани лосови, соопшти службата за односи со јавноста на градската  администрација на Санкт Петербург.

Петербуржаните видоа лосови во индустриската зона Шушари, на кружниот автопат, недалеку од Новосјолки. Треба да се каже дека оваа година во Санкт Петербург беа постаени дополнителни знаци за предупредување на Приморскиот автопатот, од селото Олгино до населеното место Лисиј нос и на Средневиборгскиот пат од селото Молодежное до почетокот на територијата на Ленинградската област. Според податоците на ресорот, оваа есен возачите се сретнале со лосовите најмалку двапати.

Лосовите претставуваат голема опасност за луѓето кога ќе се најдат на автопат. Тоа се силни и опасни животни на кои не треба да им се пристапува. Чувствувајќи опасност тие можат да нападнат, рече шефот на одделението за конзервација и регулирање на употребата на објекти за животинскиот свет на Одборот за управување со природата Николај Ахматович.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња