„Му ја лансираше вилицата во орбита“: Руски борец воодушеви на UFC-турнирот во Москва (ВИДЕО)

Скриншот
Рускиот ММА-борец во полутешка категорија Магомед Анкалаев предизвика еуфорија кај домашната публика на UFC-турнирот во Москва кога со спектакуларен удар со нога во глава го нокаутираше Африканецот Далча Лунгиамбула.

Анкалаев влезе во третата рунда со значително водство во поени, но за да им ја олесни работата на судиите, го „дрмна“ Лунгибамбула со нога директно во брадата и веднаш го „завери“ со десната рака.

Лунгиамбула без свест падна на подот и судијата го запре мечот. Импресивниот нокаут предизвика вистинска еуфорија кај домашните гледачи во московската арена ЦСКА.

Ова е трета последователна победа за 27-годишниот Анкалаев, со која рускиот борец си обезбеди стабилна позиција во полутешка категорија по неговиот единствен пораз против Пол Крег во март минатата година, кога дебитираше во UFC. За Алкалаев ова е 13 натпревар во кариерата во ММА.

За Лунгиамбула ова е втор натпревар и прв пораз во UFC, а втор пораз од вкупно дванаесет ММА-борби.

Лудило! Магомед Анкалаев само што го испрати со нога Далча Лунгиамбула во следната недела. Исто како и Лиото Мачида Ренди Кутур и Андерсон Силва Витор Белефорт.

Истата вечер, своето деби на овој турнир го имаше Абубакар Нурмагомедов, брат на Хабиб Нурмагомедов, шампион на UFC во лесна категорија. Абубакар загуби со „полуга“ од Германецот Давид Завада.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња