Во четвртокот Хајбулаев дебитираше во полулесна категорија на ПФЛ и ја однесе најбрзата победа во историјата на оваа професионална ММА лига, нокаутирајќи го противникот во десеттата секунда од мечот. Ударот со колено во скок беше толку ефектен што веројатно ќе биде главен во конкуренцијата за нокаут на годината.
Хајбулаев го искористи првиот момент кога Џексон му се приближи на самиот почеток на борбата и во скок го погоди со коленото точно во брадата. Кога противникот падна Хајбулаев не побрза да го „дотепа“, ами почека неколку моменти за да види дали судијата ќе го прекине мечот.
Видеоснимката на оваа мошне кратка борба веднаш стана хит кај љубителите на мешовитите боречки вештини.
10 seconds of perfection - the fastest stoppage in PFL history! Movlid Khaybulaev moves to 14-0. Khaybulaev earns 6 points with the 1st Round KO #PFLmma#PFL2pic.twitter.com/w2bnIsHJH5
— #PFLmma (@ProFightLeague) May 24, 2019
More @ProFightLeague KOs ahead on ESPN+
— ESPN MMA (@espnmma) May 24, 2019
▶️ https://t.co/BLaLW8ShOGpic.twitter.com/Xo5SRgi1JX
И навивачите и експертите го пофалија рускиот борач кој поради своите борбени настапи веќе го доби прекарот „убиец“. Некои коментатори по овој нокаут констатираа дека тој не го добил овој прекар без причина.
Покрај Хајбулаев на турнирот учествуваа уште четири руски борачи, сите четворица од Дагестан: Ахмед Алиев, Гаџи Рабаданов, Ислам Мамедов и ветеранот на УФЦ Рашид Магомедов. Сите четворица однесоа победа. Алиев, кому ова исто така му беше деби во ПФЛ, победи со нокаут во првата рунда.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче