Жителот на Јакутија (република во состав на Руската Федерација на Далечниот Исток) Сергеј Никифоров на 72-годишна возраст стана двократен светски шампион во пауерлифтинг на натпреварување во Финска. Ова го објави агенцијата „Москва24“, повикувајќи се на неговиот тренер, претседателот на асоцијацијата на параолимписки спортови во Јакутија Петар Давидов.
Требаше да постави рекорд, а за тоа требаше да подигне 135 килограми.
Според зборовите на тренерот, тој веќе три години тренира со Никифоров. Програмата ја составуваат еднаш годишно, прилагодувајќи ја за време на подготовките, како и во фазите пред и за време на натпреварувањето.
„Овојпат Сергеј сакаше да го сруши рекордот. Да бев таму до него, можеби ќе успеевме во тоа. За жал, ветеранскиот спорт кај нас не е поддржан од државата. И оваа година тој замина на првенството на свој трошок“, вели Давидов.
Тренерот истакна дека Никифоров тренира интензивно. Тој има јасна цел и планира повторно да се пријави на натпреварувањето следната година.
Во 2018 година Никифоров стана светски шампион во пауерлифтинг на натпреварувањето во САД. Тогаш тој подигна тег од 130 килограми во категоријата до 82,5 килограми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче