Русинката Марија Бутина осудена „за завера против САД“ ја одлежа затворската казна и се врати во РФ

Марија Бутина

Марија Бутина

AP
На 15 јули 2018 година во Вашингтон ѕ полицијата на САД ја уапси 29-годишната руска студентка Марија Бутина под обвинение дека во интерес на Русија се инфилтрирала во организации кои имаат влијание врз американската политика. На крајот на април годинава таа беше прогласена за виновна за заговор против интересите на САД во корист на Русија и осудена на 18 месеци затвор, а откако ѝ истече затворската казна, Бутина се врати дома.

Стејт департментот соопшти дека Русинката Марија Бутина во петокот 25 октомври ја напушта територијата на САД.

Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов ја потврди информацијата:

„На 25 октомври Марија ќе биде пренесена од федералниот затвор на градот Талахаси (сојузна држава Флорида) во центарот за миграција во Мајами. Ќе слета во Москва на 26 октомври.

Амбасадата на РФ во САД продолжува да се бори за правата на руските државјани во американските затвори. „Работиме на тоа да се вратат во татковината сите неправедно осудени државјани на Русија“, додаде Антонов.

Владимир Путин не планира да се сретне со Русинката Марија Бутина по нејзиното враќање во татковината, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Не, не планира. Зошто Путин би се сретнал со Марија Бутина “, го зачуди Песков прашањето на еден новинар. 

Бутина ја призна својата вина за заговор против интересите на САД и дека тоа е единствената причина поради која помина само 18 месеци во затвор. Да одбиеше да признае, затворската казна ќе беше драстично поголема.

Прочитајте повеќе: Марија Бутина осудена во САД: Што треба да се знае за нејзиното движење?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња