Може ли странец да стане руски војник? Може! Еве како!

Максим Блинов/Sputnik
Накусо, вратите им се отворени на сите добри, силни, здрави млади луѓе без кривично досие.

Рускиот претседател Владимир Путин во 2015 година го потпиша законот со кој им се дозволува на странските државјани да станат професионални војници во руската армија.

Значи, ако сакате да трчате со полна воена опрема Ратник-2 со најновиот автомат АК-12 во рацете, еве што сè треба да знаете и да направите.

Државјанство

За служба во Вооружените сили на РФ од 2015 година НЕ Е ПОТРЕБНО руско државјанство.

Возраст

Руската војска во своите редови не прима лица помлади од 18 и постари од 30 години.

Пол

На Армијата на Руската Федерација потребни ѝ се и мажи и жени. Но, жените нема да изигруваат командоси со најмодерни пушки во рацете. За секоја жена-странец која сака да стане руски војник ќе се најде должност во воениот штаб или во воената болница.

Но, што и да работат жените понатаму во армијата, задолжителната и основната обука мораат да ја минат: пукање, трчање, тактички вежби.

Руски јазик

За да станете руски војник ве чекаат напорни тренинзи и милион наредби.

Затоа знаењето на рускиот јазик се подразбира. Резултатите од тестот по руски јазик ќе покажат дали има за вас место во руската војска.

Уверение за неосудуваност

Уверението дека во државата од која доаѓате не сте под истрага и дека против вас не е покрената кривична постапка е мошне важно барање за руската армија (и не само за армијата, ами истото се бара и за добивање дозвола за престој во Русија или за склопување брак со државјанин на Русија). 

Заклучок: се бараат момчиња и девојки кои се во добри односи со органите на власта во матичната држава.

Руско државјанство

Доколку не сте знаеле, пет години поминати во руска армија е доволна причина да поднесете барање за добивање руско државјанство.

Договор

Професионалниот војник-странец потпишува договор на пет години во текот на кои не мора да размислува за работа, за пари и за здравствено осигурување (руските војници и членовите на нивните семејства имаат бесплатно здравствено осигурување во Русија).

Кој чин можам да го добијам?

Странците не можат да бидат каплари, водници и постари водници. Да бидеме искрени, нема да станете ниту генерал, ниту адмирал. Барем додека сте странски државјанин.

Заработка

Минималната месечна плата на руски војник е околу 30.000 рубли (моментално нешто помалку од 450 евра). Платата зависи од родот на војската и од регионот во кој се наоѓа вашата единица.

На пример, ако ги чувате руските северни граници, ќе заработите многу повеќе од професионалните војници во касарните во Московската област.

Станбено прашање

Додека служите во руската армија ќе живеете во станбени населба за воени лица во близина на вашата касарна. Семејните луѓе добиваат станови, а самците соби.

Како да станете сопственик на стан?

Професионален војник со тригодишен стаж станува учесник на програмата за доделување државни станови, Додека трае вашиот ангажман во војската хипотеката ќе ја плаќа државата, а со тек на време станот можете да го приватизирате.

Можам ли да станам соработник на Федералната служба за безбедност?

Не. На странците не им е дозволена работа во разузнавачките и во тајните служби,

Дали ќе војувам за Русија?

Секако!

За време на војна вие, како и сите останати, сте војник на руската војска.

Како да се пријавам?

Посетете некој од центрите за регрутација во кој било руски град. Доколку имате валиден патен документ, положен испит по руски јазик, уверение за неосудуваност, ќе ги потпишете сите потребни документи, па ќе треба да ги поминете прегледите за здравствена и психофизичка способност, по што ќе ве испратат во касарната која најмногу им одговара на вашите способности.

Прочитајте исто така: Сè (што ни е дозволено да ви кажеме) за руската војска

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња