Русите снимаат православно реалити-шоу: Еден месец во машки манастир

Роман Денисов / Russian Look/Global Look Press
Рускиот православен телевизиски канал „Спас” бара учесници за новото реалити-шоу „Остров”. Учесниците треба да поминат еден месец во манастирот Нилова испосница на остров во езерото Селигер во Тверската област на Русија.

„Еден од најубавите манастири на Русија на езерото Селигер. Помини еден месец во Ниловата испосница, исполнувајќи послушенија и пронајди ги одговорите на прашањата што те мачат. Биди еден од доброволците“, се наведува на сајтот на каналот.

Манастирот Нило-Столбенска испосница на Тверската епархија се наоѓа на островот Столобни на езерото Селигер. Според легендата, токму на овој остров во 16 век се подвигувал преподобен Нил Столобенски.

„Нил поминал 27 години на островот во осаменост. Посветувајќи денови и ноќи на молитва и свети мисли, тој не си дозволувал ни минута да седне или да легне, а во случај на крајна исцрпеност стоел, потпирајќи се на дрвените куки забиени во ѕидот на неговата ќелија“, се наведува на сајтот на манастирот.

Погледнете повеќе: Десетте најубави руски манастири во зимски амбиент

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња