Џудистите во Обединетите Арапски Емирати му подарија црн појас на Путин

Рускиот лидер, кој се наоѓа во посета на Обединетите Арапски Емирати, се фотографираше со тамошните спортисти и им се потпиша на кимоно.

На претседателот на Руската Федерација, кој престојува во официјална посета на Емиратите, тамошните џудисти му подарија кимоно и црн појас, пренесуваат руските медиуми.

Спортистите кои учествуваа во демонстрација на вештината го замолија рускиот лидер да им се потпише на кимоно, а потоа му подарија црн појас со симболите на Обединетите Арапски Емирати и Русија. Џудистите потоа направија заедничка фотографија со рускиот лидер.

Претседателот на РФ Владимир Путин допатува вчера во официјална посета на Емиратите, каде што му беше приреден свечен дочек. Во знак на добредојде авиони го исцртаа руското знаме на небото, а во придружбата на колоната на рускиот претседател имаше автомобили обоени во боите на руската сообраќајна полиција и коњаници.

Исто така, и облакодерите во Абу Даби во чест на рускиот претседател беа осветлени во боите на руската тробојка.

Во склоп на преговорите двете страни склучија договори во вредност од 1,4 милијарди долари.

Прочитајте повеќе: Путин му подари на саудискиот крал арктички сокол

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња