Путин му подари на саудискиот крал арктички сокол

Претседателот на Русија Владимир Путин дојде во Саудиска Арабија со подарок за саудискиот крал: руски сокол. Ловот со соколи, патем, е популарна забава меѓу саудиското благородништво. Птицата, додуша, покажа недостаток на шлиф кога се олесни на подот на палатата.

Рускиот претседател во понеделникот, 14 октомври, кога пристигна во официјална посета на Саудиска Арабија, му подари на саудискиот крал Салман ибн Абдулазиз ел Сауд женски арктички сокол. Саудискиот крал, пак, за возврат му подари слика со традиционални арапски орнаменти.

Птицата го носи името Алфа, макар што сопственикот може по желба да ѝ го промени името. 

Свечениот момент, меѓутоа, малку загуби на сјај кога соколот, носејќи капче што ги покриваше очите, очигледно нервозен од целата гунгула, ги испразни цревата пред камерите.

Овој необичен подарок совршено се вклопува во блискоисточната традиција, каде ловот на птици е една од омилените забави, особено меѓу членовите на кралското семејство. Некои од нив го доживуваат своето хоби дури и премногу сериозно. Така, еден саудиски принц еднаш купил авионски билети за секоја од своите 80 птици, а уште двајца биле фатени како се обидуваат од Русија да ги прошверцуваат овие високо ценети соколи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња