„Никогаш нема да те заборавам”: Астронаут на НАСА се збогува од Алексеј Леонов на руски

Reuters
Американскиот астронаут Томас Стафорд, кој со рускиот колега беше во пријателски односи уште од мисијата „Сојуз-Аполон”, на внукот му го даде името Алексеј, а сега дојде на гробишта да се збогува од Алексеј Леонов.

На Меморијалните гробишта Митишчи во Подмосковје вчера се одржа церемонијата на проштавање од Алексеј Ленов, познатиот руски космонаут и првиот човек кој зачекори во отворена вселена. На збогувањето присуствуваше астронаутот на НАСА Томас Стафорд, кој беше во пријателски услови со Алексеј Ленов уште од мисијата „Сојуз-Аполо“.

„Алексеј, никогаш нема да те заборавам“, рече Стафорд на руски јазик, пренесува телевизиjaта „Ѕвезда”.

На збогувањето од Леонов на Федералните воени меморијални гробишта присуствуваа министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, првата жена во вселената Валентина Терешкова, космонаутот Борис Волинов, ќерката на конструкторот Сергеј Корољов Наталија и многу други.

Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу
Валентина Терешкова и Томас Стафорд

Советскиот и руски космонаут Алексеј Леонов почина во Москва на 11 октомври во 86-та година од животот во болницата „Бурденко“.

Двократниот Херој на Советскиот Сојуз ги доби високите признанија во 1965 и 1975 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња