На кое друго место би можел да одмара рускиот претседател, ако не во Русија?

Reuters
Според Дмитриј Песков, една од задачите на претседателот на државата е да промовира места во земјата за чие постоење повеќето граѓани не знаат.

Популаризација на дестинациите во Русија за чие постоење повеќето граѓани не знаат е една од задачите на претседателот Владимир Путин, рече портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање зошто Путин секогаш одмара во Русија.

Песков потсети дека Путин претходно веќе одговарал на слични прашања. „Претседателот зборуваше за тоа колку е голема, убава и богата земјата. Се разбира дека задача на претседателот е преку својот пример да ги популаризира дестинациите за кои повеќето граѓани можеби и не знаат дека постојат“.

Песков рече дека дури ни за време на одморот Путин не успева да се оддалечи од работата.

„Сигурен сум дека претседателот воопшто не успева да се пренасочи, премногу големо е бремето на неговите плеќи, премногу процеси од круцијално значење за земјата се наоѓаат во фокусот на неговото внимание. Тоа е навистина така, и има и позитивни и негативни страни. И не запира, ни дење ни ноќе. Сето тоа спаѓа во неговата работа“, рече тој.

На прашањето што се случува со плодовите на природата што претседателот ги собра за време на одморот, Песков одговори дека Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу „собираа печурки како сиот нормален свет, а потоа ги јадеа“.

„Беа и на риболов и, се разбира дека таа риба потоа се јаде“, додаде тој.

Во пресрет на својот 67-ти роденден Путин отпатува во Сибир каде што уживаше во планинарењето и прошетката по есенската тајга. И претходните години рускиот претседател заминуваше на неколку дена во тајгата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња