Погледнете како моржовите на Арктикот уживаат во звуците на руска хармоника

скриншот / ParaWorldAerial
Членот на посадата на руската јахта „Алтер Его” Александар Богданов одржа импровизиран концерт на руска хармоника покрај Големиот Орански остров на територијата на националниот парк„Руски Арктик”. Неговата музика привлече љубопитните моржови кои му пријдоа на бродот и долго ги слушаа непознатите звуци.

На снимката се гледаат околу 30 моржови како пливаат покрај бродот, додека човек на хармоника го свири валцерот од рускиот филм „Мојата нежна милна ѕверка”. Се гледаат муцките на моржовите кои љубопитно го посматраат музичарот и реагираат на звуците на валцерот.

Снимката е објавена на јутјуб-каналот ParaWorldAerial.

Според инспекторот на националниот парк на природата Александар Морев, кој во тоа време се наоѓал на бродот со туристи, музиката траела околу 10 минути. Таа била наменета за луѓето, но неочекувано г привлекла моржовите. По концертот задоволно отпливале кон својот остров, соопшти прес-службата на националниот парк „Руски Арктик”.

Погледнете повеќе: Овие фотографии со фоката Крошик се најслаткото нешто што ќе го видите денеска!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња