Фоката Крошик стана неофицијална маскота на Санкт Петербург. Нејзините слатки фотографии го преплавуваат рускиот интернет, довивајќи илјадници лајкови.
Еве нова фотосесија со локалната ѕвезда, поставена на социјалните мрежи од страна на неговите луѓе - Фондацијата „Пријатели на Балтичките прстенести фоки“. И ова не е само обид да ве натераме да кажете „уау!“, туку и да ве информираме за тоа како Крошик се справува со летните горештини во Санкт Петербург.
„Сега почесто ја менуваме водата во базените, за да не се загрее“, велат тие.
Крошик (Трошка) живее меѓу луѓе веќе две години откако беше спасен во лоша состојба. Но, она што го направи вистинска ѕвезда е неговата човечност - тој едноставно не сака да се врати во дивината.
Спасувачите направија два обида да го ресоцијализираат: прво тој само одби да си оди. Во нивниот втор обид, тој пливаше, но повторно се врати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче