Путин: На такви граѓани не може да им биде претседател на државата некој слабак

kremlin.ru
Путин рече дека слабак не може да биде претседател на руската држава.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во разговорот со доброволците кои 1999 година се бореа против терористите во Дагестан ги истакна нивната храброст и добрината и изјави дека на чело на една држава на такви граѓани не може да биде слабак, пренесува РИА „Новости“.

Путин денеска во селото Ботлих се сретна со доброволците кои учествуваа во борбените дејствија против терористите во август и септември 1999 година. Еден од нив рече дека луѓето во Дагестан се гордеат со таков претседател.

„Кога имате такви луѓе, толку прекрасни, убави и добри жени, и толку храбри и сериозни мажи, во Русија не може да биде претседател некој слабак, тоа се подразбира, не бива поинаку“, одговори Путин. Тој истакна дека шефот на државата „добива сила и храброст од луѓето“.

Прочитајте повеќе: Путин испи чашка вотка, како што вети пред 20 години

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња