Путин испи чашка вотка, како што вети пред 20 години

Михаил Метцел/TASS
Се наведува дека на тој начин тој го исполни ветувањето што го даде во Дагестан пред 20 години - во 1999 година.

За време на посетата на Дагестан, рускиот претседател Владимир Путин испи чашка вотка, пренесува РИА „Новости“.

Путин се сретна со претставници на народната војска, која учествуваше во борбите во Дагестан во август-септември 1999 година.

По поздравниот говор за настаните од минатото, претседателот ја крена чашката и ја испи до дното.

За време на последната „Директна линија“ на 20 јуни годинава, претседателот го потсетија на ветувањето што го даде 1999 година: дека ќе се напие вотка кога ќе биде извојувана победата. Тогаш тој како претседател на владата на Русија дојде во Ботлих и изјави дека би сакал да крене здравица за здравјето на ранетите и во знак на сеќавање на загинатите од рацете на терористите, но ја спушти чашката бидејќи „не беа решени суштинските задачи“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња