Руски автоблогери решија енигма: Колку велосипедисти може да шлепаат „Лада 1600“ (ВИДЕО)

Скриншот

Без оглед на осумдесетте коњски сили под хаубата, популарната „шестка“ (ВАЗ-2106 или кај нас и на Запад возилото попознато како „Лада 1600“ или „Лада Жигули 1600“) чиј мотор запре, лесно може да ја отшлепа еден снеможен коњ. Двајца мажи се сосем доволни за да го одвлечат автомобилот до пумпа или сервис. А колку велосипедисти е потребно да се ангажираат за таа цел, се запрашаа руските блогери од популарниот јутјуб-канал „Гаража 54“.

Прецизен одговор на ова прашање добија новосибирските блогери кои во спроведениот експеримент не се жалеа на своите квадрицепси ниту на мускулите на листовите. Набавија три нови велосипеди, а потоа ги „впрегна“ така што ги споија и овозможија синхронизирано движење и свртување, а потоа ја прикачија „шестката“ во лер.

Отпрвин имаше малку проблеми при излегувањето од гаражата и излегувањето на колскиот пат, но потоа на рамниот асфалт кога фатија ритам, велосипедистите се движеа со пристојна брзина за возење низ град. Како што забележаа блогерите, со оглед на постојаниот пораст на цената на бензинот, оваа алтернатива на моторите со внатрешно согорување воопшто не е бесмислена. А да не зборуваме за придобивките за здравјето и градската животна средина.

Прочитајте повеќе: 10 најлуди експерименти со автомобили изведени во руската „Гаража 54“ (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња