„Финалето на Ју-Ес опен личеше на улична тепачка“: Американските медиуми одушевени од Данил Медведев

Panoramic/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои титулата на Отвореното првенство на САД, но и победениот руски тенисер Данил Медведев заслужува само пофалби. Еве што светските медиуми пишуваат за овој легендарен меч.

Тоа беше деветтото финале на Ју-Ес Опен во отворена ера во пет сетови и второто најдолго - 4 часа и 51 минута, само три минути пократко од судирот меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј пред седум години.

Данил Медведев направи сé што можеше, но сепак не беше доволно да го спречи Рафаел Надал да ја освои својата 19-та гренд-слем титула. Играта на моментално најдобриот руски тенисер и теоретски сосем можната капитулација на Надал покажуваат дека ерата на „големата тројка“ во машкиот тенис нема да трае вечно, пишуваат светските медиуми. И Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се свесни за тоа.

Неколку моменти по победата во еден од најтешките натпревари во животот Рафаел Надал не можеше да ги запре солзите, додека на големото платно ги покажуваа клучните моменти од неговата кариера.

Ова е веројатно најдобриот момент во неговата кариера, пишува New York Post. „Мечот на Флешинг Медоуз се претвори во улична тепачка против храбриот и шармантен Данил Медведев. Надал ја пропушти предноста од два сета и дури две топки во четвртиот сет. Меѓутоа, „големата тројка“ и по 15 години продолжува да владее во машкиот тенис. Надал, Ѓоковиќ и Федерер ги освоија сите 12 гренд-слемови во последните три години. На средина на мечот Медведев стана херој на американската публика и се чини дека сега е најсериозната закана за големата тројка“.

Еден од најпознатите тениски новинари Бен Ротенберг на својот профил на „Твитер“ напиша дека говорот на Медведев заслужено звучеше како говор на победник. „Ова тениско лето ќе го паметам најмногу по неговата игра“, напиша Ротенберг.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња