Овој Русин се запозна со речиси цел Холивуд, но не изгледа воодушевено (ФОТО)

Иван Журављов од Москва објавува на својот профил на „Инстаграм“ фотографии со познати личности. Досега, овој 25-годишен папарацо објави колекција од речиси 500 sвезди: од Вил Смит и Џони Деп до Кијану Ривс и Џеки Чен!

Но, работата е во тоа што на фотографиите не изгледа многу воодушевено. На скоро сите, тој изгледа, благо речено, чудно. Неговото лице не покажува никакви емоции! Речиси се чини како сите овие sвезди од него да барале да се фотографираат заедно, а не тој од нив!

Вил Смит

Мерил Стрип

Енио Мориконе

Можеби мислите дека едноставно користел фотошоп? Но, не е така! Сите фотографии се вистински…

Николас Кејџ

Претседателот на Украина Володимир Зеленски

Момчето се занимава со „лов на ѕвезди” од 2013 година. Кој е тој всушност и со што се занимава, не сакаше да каже. Понекогаш на неговите постови се појавуваат коментари: „Господи, момче, како успеваш?” или „Момче, па кај работиш?”, но тој не одговара на нив.

Рускиот актер Леонид Броневој

Ева Лонгорија

Ричард Гир

Луѓето, исто така, забележаа и фотографии од официјални приеми и акредитација за новинари. Покрај тоа, голем број фотографии се направени во Москва во кино-комплексот „Каро октомври“, кое е главното место за филмските премиери.

Ирина Шејк

Џеки Чен

Се покажа дека Иван е специјален дописник и фотограф за GameScope, медиумски портал за индустријата за забава, кој му дава право да посетува премиери, да се запознава со славните личности на приватни забави, па дури и да прошета со некои од нив по Москва! Една од неговите неодамнешни прошетки беше со Квентин Тарантино (и подоцна стана интернет мем)!

Џон Малкович

Кијану Ривс

Ијан Гилан, фронтменот на Дип Парпл

Прочитајте повеќе: Еве како Русите го зафркаваат Квентин Тарантино по неговата прошетка низ Москва (ФОТО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња