Сергеј Коваљов на 24 август ја однесе својата 34 победа во професионалниот ринг и со тоа ја одбрани титулата светски шампион на WBO во полутешка категорија, победувајќи го Британецот Ентони Јард со нокаут во 11 рунда.
Борбата беше многу тешка и драматична. Во првата половина од мечот рускиот боксер беше многу самоуверен, но потоа Британецот ја презеде иницијативата и во еден момент беше многу блиску до победа. Според мислењето на американскиот боксер Андре Ворд, поранешен противник на Сергеј, на Јард му недостигале само неколку удари да го нокаутира Коваљов. Сергеј вложи неверојатен напор да остане на нозе и на крај триумфално го заврши мечот.
„Многу ми е мило што им се допадна на гледачите. Веќе втор пат се подготвувам за овој натпревар, па сум малку уморен, но благодарение на искуството, сепак успеав да го почувствувам духот на мечот и да ја грабнам победата. Не очекував лесна борба. Претпоставував дека ќе трае долго... Во еден момент малку ја изгубив низата, но успеав да се соберам. Искуството ми помогна да не потклекнам “, изјави Коваљов за порталот „Спорт-Експрес“.
На Сергеј Коваљов по мечот во рингот му беше свечено доделено звањето заслужен мајстор на спортот. Рускиот боксер му ја посвети победат на сонародникот и колега Максим Дадашев кој почина во САД.
Интересно е што тренерот на Сергеј, Бади Макгирт, го тренираше и Дадашев во последниот меч против Субриел Матијас, по кој Максим им подлегна на здобиените повреди.
Многумина го критикуваа американскиот тренер што на време не го прекинал мечот и му го спасил животот на рускиот боксер. Судејќи според сѐ, тој притисок Макгирт го чувствуваше и овој пат, затоа што во еден момент малку му недостигаше да го „фрли пешкирот“.
„Сергеј добро се покажа против младиот и гладен противник. Да, направи неколку грешки. Што се однесува до осмата рунда, имаше возбудувања. Му реков на Коваљов во паузата дека ќе го прекинам мечот ако продолжи слично во следната рунда, меѓутоа тој потоа ја презеде контролата и победи“, ги зборовите на Макгирт РИА „Новости“.
Во текот на изминативе месеци се зборуваше за можен меч меѓу Сергеј Коваљов и Саул Алварез. Русинот рече дека би можел да се согласи на борба против Канел, но реши најпрвин да раскрсти со Јард. Сега истакна дека е слободен и подготвен да си ги одмери силите со најдобро платениот боксер на планетата.
Информацијата дека се водат преговори е потврдена и од тимот на Сергеј. Како што соопшти неименуван извор на агенцијата ТАСС, Коваљов и Алварез можат да се сретнат уште есенва: „Мечот може да биде одржан во ноември во Лас Вегас. Ќе видиме како ќе се опоравува Сергеј“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче