Алварез минатата година го нокаутираше Коваљов во седмата рунда и тоа му беше на Колумбиецот 24 победа по ред, така што многумина и во овој реванш го сметаа Коваљов за аутсајдер, со оглед на тоа што Русинот во последните пет мечеви беше трипати поразен, па по нокаутот од Алварез дури почна да размислува и за завршување на кариерата.
Меѓутоа, Сергеј овојпат се подготви добро. Во текот на целиот меч напаѓаше и користеше разновидна техника, додека Колумбиецот се бранеше добро, вребајќи шанса за нов нокаут. Но, Русинот не му го дозволи тоа задоволство. Во шестата рунда Алварез тргна во офанзива, надевајќи се дека Коваљов е веќе при крај со силите. Меѓутоа, брзо сфати дека не му преостанува ништо освен да ѝ се врати на одбранбената тактика.
Sergey Kovalev gets redemption in his impressive unanimous decision win over Eleider Alvarez. #AlvarezKovalev2pic.twitter.com/R2VR0HI2rB
— Top Rank Boxing (@trboxing) 3 February 2019
Рускиот боксер покажа толку добра кондиција што особено блесна во последната, дванаесетта рунда, така што никој не беше изненаден од едногласната одлука на судиите.
Еден од тројцата судии дури и не му даде ниедна рунда на Алварез (120:108). Впрочем, и статистиката недвосмислено сведочи за убедливата победа на Сергеј Коваљов: тој упати речиси двојно повеќе удари (816:369), а слична е разликата и во прецизните удари (213:111).
Мечот се одржа во Фриско, предградие на Далас. Разочараните Алварезови навивачи, кои беа во огромно мнозинство, побрзаа да ја напуштат халата веднаш по борбата, така што конференцијата за новинарите се одржа во речиси празна сала. Но тоа не му пречеше на Сергеј. „Многу внимателно слушав што ми кажува мојата екипа и новиот тренер (Бади Макгирт). И пред оваа борба тежнеев да претерам со тренинзите, но тренерот секој пат ме скротуваше“, изјави Коваљов со насмевка, и додаде: „Сега веќе не ми е важно против кого ќе се борам. Кој ќе биде подготвен, против него ќе излезам во рингот“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче