Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја посети на Младинскиот форум „Машук“ секцијата за кавкаски танци, каде што научи да игра лезгинка.
Снимката од часот е објавена на официјалниот профил на „Твитер“ на Министерството за надворешни работи на Русија.
🇷🇺 М.Захарова посетила на «Машуке» секцию обучения кавказским танцам. pic.twitter.com/iqviQZwq74
— МИД России 🇷🇺 (@MID_RF) August 22, 2019
Во коментарите на радиостаницата „Говорит Москва“ Марија Захарова соопшти дека претходно не учела како се игра овој танц. „Не го учев претходно. Ме учеа на форумот „Машук“. Тие имаат една секција за кавкаски танци“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија
Претходно, на севернокавкаскиот младински форум „Машук“, што се одржува во рускиот град Пјатигорск од 9 до 30 август, лезгинка изведе роботот Хажби. Танцувачките вештини на роботот ги оцени директорот на корпорацијата „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче