Маша и Мечокот: Една мечка ја гушна Марија Захарова на одмор (ФОТО)

Кога малечката Маша од цртаниот филм ќе порасне ќе стане Марија Захарова, специјалниот претставник на МНР на Русија!

Официјалниот претставник на МНР на Русија Марија Захарова објави на својот профил на „Инстаграм“ заедничка фотографија со мечка.

„И немојте да кажувате дека по нашите улици не шетаат мечки. Шетаат, и тоа како! А кај некои одат и на гости. Со еден збор, одморот беше одличен“, напиша Захарова на „Инстаграм“.

„Маша и мечокот“, се сетија на познатиот цртан филм многу коментатори.

„Сега Англичаните ќе измислат нешто за да го забранат цртаниот“, пишуваат исто така. 

Погледнете и други фотографии од одморот на Марија Захарова.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња