Дуел на московската тркачка патека: Кој е побрз - Renault Arkana или Lada Vesta Sport (ВИДЕО)

Lada.ru

Руските блогери решија да ги споредат на дело францускиот Renault Arkana со домашниот Lada Vesta Sport. Возните карактеристики на двата модела ги проценија на рамната делница на московската тркачка патека, а организираа и мала трка меѓу автомобилите.

Како што забележуваат, не дошле до оваа споредба туку-така. Францускиот кросовер Renault Arkana се појави на рускиот пазар релативно скоро, а цената е практично иста како онаа на седанот Lada Vesta Sport. За основните пакети опрема за двата автомобили треба да се издвојат еден милион рубли (околу 13300 евра). Токму затоа блогерите решија да ги споредат овие два модела директно на тркачката патека во главниот град и да утврдат кој е побрз. Интересно е што, на пример, РГ пишува дека Arkana е всушност поскапа од руското возило за околу 3000 евра.

Под хаубата на Renault Arkana се наоѓа турбо-мотор кој може да испораа 150 коњски сили, со запремнина од 1,3 литри и вртежен момент од 250 Нм. Агрегатот работи во пар со континуирано-варијабилен менувач. Сето ова му овозможува на автомобилот да забрза до „стотка “ за 10,2 секунди. „Веста“ е опремена со 1,8-литарски мотор со 145 коњски сили и вртежен момент од 170 Нм. Според техничките карактеристики, руското возило забрзува подобро (9,6 секунди).

Како што се покажа во директниот натпревар, Lada Vesta Sport е навистина побрз од својот конкурент. Во две возења домашниот автомобил го претекна француското возило Renault Arkana за повеќе од една должина на автомобилот. Возачите покрај тоа напоменаа и дека седанот има мануелен рачен менувач, а кросоверот автоматски. Без оглед на тоа што новитетот заостанува во брзина зад ривалот, тој го надминува во доменот на дизајнот, опремата и салонот, истакнуваат руските медиуми.

По трката на генерално неспоредливите автомобили, како што ја нарече еден од блогерите, се појави и предлог за натпревар во бепаќе, на што возачот на рускиот спортски седан рече дека ќе победи и таму.

Погледнете го и ова видео: Кои се главните предности на новиот руски автомобил Lada Granta Cross? 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња