Red Bull уште еднаш сними ефектна филмска бркотница во која има сѐ што му душа сака на еден љубител на автомобилски трки: коњски сили и брзина, возење по нерамен терен, дрифт на тесен паркинг, хируршка прецизност во возењето.
Зад воланот на Lamborghini Huracan е познатиот возач на спортски дрифт, Новозеланѓанинот Мајк Видет, познат и како Побеснетиот Мајк, додека со рускиот камион управува победникот на двете последни релија „Дакар“, ништо помалку познатиот член на екипата „КамАЗ-Мастер“ Едуард Николаев. Со пријатната музика на „Аријата на тореадорот“ од операта „Кармен“ Мајк и Едуард рушат селски тараби и прават уште многу други нешта брзајќи на бал. Погледнете и самите:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче