Во реонот на маршрутата има до 70 мечки кои се агресивни едни кон други и кон луѓето. Ваквото однесување е предизвикано од недостигот на рибата нерка во речните мрестилишта со која се хранат мечките, се наведува на сајтот на Кроноцкиот резерват.
Според директорот на резерватот Петар Шпиленко, доколку не се реши проблемот со мрестилиштаата, туристичките програми ќе бидат суспендирани. „Тоа, секако, ќе предизвика економски загуби и ќе нанесе штета на нашиот имиџ, но безбедноста на луѓето и животните на прво место”, истакна тој.
Во август беше објавено дека жителка на населбата Сита во Хабаровскиот крај, која тргнала да бере печурки, се заглавил во ендек и ги поминала денот и ноќта бркајќи мечки. Жената беше пренесена во болница во состојба на интензивен стрес.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче