83-годишна старица во Русија паднала во мочурлив ендек, и со рик бркала мечки повеќе од 24 часа

(на фотографијата не е споменатата во текстот баба)

(на фотографијата не е споменатата во текстот баба)

Николај Титов, Russian Look / Сергеј Фомин, Global Look Press
Осумдесет и тригодишна жена од Хабаровскиот крај, која тргнала в шума за да бере печурки, паднала во мочурлив ендек, каде што поминала повеќе од 24 часа, цело време со „рик“ ги бркала мечките кои шетале наоколу.

„Една жена од селото Сита тргна во тајгата да собере печурки и исчезна. Пронајдена е по повеќе од 24 часа во калта на шумскиот поток што ѝ допираше над појасот“, раскажа за агенцијата ТАСС член на спасувачкиот одред „Лига Спас“ кој учествуваше во потрагата по несреќната жена.

Во шумата каде што жената собирала печурки престојуваат мечки, а повремено поминуваат и тигри. Групата селани, припадници на одредот, ловци и соработници на дежурната патролна служба неколку пати наидувала на траги од мечки и места каде што лежеле и ги слушнала ѕверовите во непосредна близина.

„Ноќта, во шумата, на неколку метри од местото каде што лежела мечката, спасувачите пронајдоа кофа со печурки и слушнаа целосно нетипично за животни ’ржење и во ендекот во потокот ја видоа бабата. Таа со ’ржење се обидуваше да избрка мечка што ја вребаше“, рече припадник на одредот „Лига Спас“.

Додека ја извлекувале од ендекот, во близина шетала мечката, но била заплашена од автомобилот што во вистински час пристигнал во по спасувачите, па се повлекла во тајгата. Жената е сместена во болница. Нема повреди, но доживеала голем стрес, ништо не зборува, само спие.

Прочитајте повеќе: „Мечката ме закопуваше и ме џвакаше“: Сведоштво на Русинка која преживеала средба со мечка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња