Тарантино ја шета Москва и се интересира што треба човек да стори за да го погребаат покрај Кремљ

Валериj Шарифулин/TASS
Американскиот режисер Квентин Тарантино, кој пристигна во Русија за премиерата на неговиот нов филм „Си беше еднаш во... Холивуд“, во вторникот го посети Државниот историско-културен музеј „Московски Кремљ”.

Режисерот пристигна на Црвениот плоштад точно во договореното време. Беше облечен многу едноставно: носеше темносин џемпер и фармерки, така што минувачите не го препознаваа. Само еден турист од Кина направи селфи со него така што Тарантино не го ни забележа.

Рускиот министер за култура Владимир Медински лично го водеше познатиот режисер низ поголемиот дел од екскурзијата по територијата на Кремљ. Со нив беше и генералниот директор на музејот Елена Гагарина. Режисерот реагираше многу живо на сите информации што ги слушна, често поставувајќи прашања. Беше  воодушевен од цар-топот, а за среќа го протрие цар-ѕвоното. 

„Што треба да направите за да бидете погребани во Кремљ или барем покрај Кремљ?“, одеднаш праша Тарантино. Му беше одговорено  дека за тоа е потребно да се биде барем член на царското семејство. Режисерот се интересираше и дали е вистина дека музичарот Дин Рид е погребан во ѕидините на Кремљ. „Писателот Џон Рид е закопан во ѕидините на Кремљ“, објасни Медински.

Режисерот исто така ја посети изложбата „Чувари на времето”, која е посветена на реставрацијата во музеите на московскиот Кремљ.

Тарантино на 7 август, заедно со продуцентите Шенон Мекинтош и Дејвид Хејман разговараше со новинарите.

Американскиот режисер притоа изјави дека омилен руски филм му е „Човек-амфибија” на Владимир Чеботарјов и Генади Казански, што го гледал како дете. „Не знаев дека тоа е руски филм, но го гледав на телевизија и многу ми се допадна“, рече Тарантино.

Филмот „„Си беше еднаш во... Холивуд“, кој беше прикажан на Канскиот филмски фестивал, ќе се емитува во руските кина од 8 август. Дејствието на филмот се одигрува во Лос Анџелес во 1969 година. Главните ликови се актерот во вестерни Рик Далтон (Леонардо ди Каприо) и неговиот дублер Клиф Бут (Бред Пит).

Дејствието се одвива во време на настани поврзани со бандата на Чарлс Менсон и убиството на сопругата на режисерот Роман Полански, актерката Шерон Тејт. Во филмот својата последна улога ја одигра Лук Пери.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња