Хабиб Нурмагомедов
Komsomolskaya Pravda/Global Look PressЕве што по тој повод напиша најпопуларниот руски ММА-борец Хабиб Нурмагомедов.
„Овој случај уште еднаш ни докажува дека спортот не е најважната работа во светот, дека постојат многу поважни работи“, напиша Хабиб на „Инстаграм“.
„Секој пат кога ќе видам или слушнам вакви вести, почнувам да го мразам овој спорт во кој се тепаме едни со други. Сè е минливо, славата, парите, насловите и целиот наш живот, сите ќе си заминеме од овој свет, никој нема да остане. Треба да се размисли за тоа. На семејството и пријателите на Максим им ја посакувам силата на трпението. Правете добро и нека Севишниот нѐ награди за нашите дела и постапки во следниот живот, и нека ни ги прости нашите гревови“.
Познатиот боксер, а денес пратеник Николај Валуев повикува да се запрат оние кои поради оваа трагедија бараат да се забранат сите борби.
Николај Валуев
Алексеј Иванов/телевизија „Звезда“/Global Look Press„Жал ми е за момчето. Не може да се врати. Смртта нѐ демне на најочекуваното место. И не треба да се обвинува боксот. Нека му е лесна земјата, мир и сеќавање!“, напиша Валуев на „Инстаграм“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.