Светската шампионка Алина Загитова му подари на премиерот на Јапонија плишено кученце (ВИДЕО)

AFP
Руската лизгачка Алина Загитова се сретна со јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој претходно ѝ подари пес од расата акита-ину. Средбата се одржа во резиденцијата на јапонскиот премиер.

„Мило ми е што можам да ве угостам во мојата резиденција. Сакам да ви честитам за успесите во уметничкото лизгање. Исто така, мило ми е што слушам како напредува на Масару (куче од расата акита-ину, кое Загитова го доби од властите на јапонската провинција Акита и од премиерот)“, рече Абе, пренесува ТАСС.

Јапонскиот премиер, исто така, ја повика Загитова заедно со кучето да ја посети провинцијата Акита.

„Жителите на покраината со нетрпение чекаат кога заедно со Масару ќе дојдете во неговата историска татковина“, истакна Абе.

Загитова му се заблагодари на премиерот за поканата, но рече дека песот лошо поднесува летови со авион и би сакала да може да го вози во патничкиот дел од авионот, а не со багажот. Абе вети дека ќе го реши тој проблем.

На крајот на средбата Загитова му подари на премиерот плишено кученце акита-ину.

„Го добив ова наместо Масару“, се пошегува премиерот.

Во мај 2018 година руската лизгачка Алина Загитова како „награда“ за победата на Олимпијадата во Јужна Кореја доби кученце од јапонската раса акита-ину.

Прочитајте повеќе: Која е новата руска ѕвезда на уметничкото лизгање?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња