Како еден мал дегустатор стана ѕвезда на приемот за многудетни семејства во Кремљ (ВИДЕО)

Скриншот

На врачувањето на ордените Родителска слава и приемот што по тој повод беше одржан во Кремљ, едно дете од Ставропол, чии родители го добија ова признание, предизвика нескриени симпатии кај присутните, пренесуваат руските медиуми.

Момченцето од едно од одликуваните големи семејства не го криеше своето воодушевување од широкиот избор на јадења на трпезата, не можејќи да се реши кое попрво да го проба.

Друго дете поради големата возбуда си истури овошен сок на кошулата.

„Што се случи? Се исфлека кутриот. Ништо, ќе ја вовлечеме, нема да се гледа“, ја коментираа постарите браќа настанатата ситуација.

Претседателот на Русија Владимир Путин на церемонијата што се одржа при крајот на минатата недела во Александровската сала во Кремљ ги врачи ордените Родителска слава. Шефот на руската држава во таа прилика вети дека државата ќе продолжи со конкретната поддршка за многудетните семејства и им се заблагодари на родителите за вложениот труд во воспитувањето на децата. Семејствата како насобраните, како што нагласи тој, го зајакнуваат авторитетот на самата институција семејство, заживувајќи ја традицијата на силниот дом.

Во репортажата на телевизијата „Русија 24“ се гледа колку атмосферата меѓу златните колонади на Кремљ беше навистина опуштена и жива. Едно момче покрај сите протоколи му притрча на Путин за да му шепне дека неговата мајка е повторно бремена и дека ќе бидат десет деца.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња