Во чест на Путин Италијанец со трактор изора портрет на Крстителот на Русија

Уметник изработи портрет на рускиот рамноапостолен кнез Владимир во пресрет на посетата на Путин на Италија.

Во селото Кастањаро кај Верона италијанскиот уметник Дарио Гамбарин го нацрта со трактор портретот на Крстителот на Русија -  рамноапостолниот кнез Владимир. Портретот е долг околу 200 метри и зазема 24 илјади квадратни метри, пренесува „Росијскаја газета“.

Уметникот го направи цртежот во пресрет на посетата на претседателот на Русија Владимир Путин на Рим и неговата средба со италијанското раководство и папата Франциск.

Гамбарин го изработи цртежот врз основа на приказот на лицето на кнезот Владимир на споменикот на Боровицкиот брег во Москва. Портретот ќе стои околу една недела, а полето потоа ќе биде преорано и повторно посеано.

Ова не е првпат Гамбарин со трактор на нива да изработи цртеж. Претходно тој на ист начин ги прикажа Леонардo да Винчи, папата Франциск, Владимир Путин (2007 година во пресрет на состаникот на Г-20 во Хамбург), Фидел Кастро, Барак Обама, Доналд Трамп и Си Ѓинпин.

Како што вели уметникот, за него ваквите работи се „нешто како медитација“. Притоа условите за работа понекогаш се мошне тешки. Овој пат, на пример, мораше да работи на голема жега. Во кабината на неговиот стар трактор без клима-уред температурата беше околу 50 степени Целзиусови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња